Во период во кој светот е соочен со голема здравствена криза, нашата држава и официјално стана 30- та членка на НАТО Алијансата, соопштуваат од владеачката СДСМ.
Со ова велат, земјата станува сојузник и соработник со најсилните држави во светот и додаваат дека НАТО не е само воено – политички сојуз, тоа е и економски двигател на државите во прогрес, како Северна Македонија.
-За многу брзо време, по надминувањето на светската здравствена криза со корона вирусот, на нашата земја ќе и се отвори пазар вреден четири милијарди евра годишно, но и перспективата со странски инвестиции, соопштуваат од СДСМ.
Токму членството во НАТО и отворањето на економските можности за земјава, велат од партијата, ќе преставува олеснување во анулирањето на економските последици кои ќе бидат резултат на пандемијата со вурусот.
Владата и македонските граѓани немаат прилика деновиве да го прослават остварувањето на три деценискиот сон и и приклучувањето во сојузот на најсилните држави, но ќе имаме време за славење, додаваат од СДСМ.