Македонија 22. февруари 2020. / 17:47

СДСМ: Извршителот Мицкоски да не копира проекти од СДСМ

СДСМ: Извршителот Мицкоски да не копира проекти од СДСМ

Во тек е интензивна гасификација на Северна Македонија.Инсталирани и изградени се 101 км цевки за гас во рамки на примарната мрежа на делниците Неготино – Кавадарци –Прилеп – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Степенот на реализација изнесува 74%, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

Денес, целосно се завршени сите административни процедури за интерконекторот за гас со Грција. За ова добивме европски грант од 13 милиони евра. Мицкоски и Груевски, 11 години инсистираа на целосна зависност од рускиот гас.

108 јавни објекти во преку 40 општини добија фотоволтаични системи со што годишно се заштедуваат 196.000 евра од општинските буџети. Владата додели дозволи за 35 мегавати нови фотоволтаични електрани за кои не плаќа никаква тарифа, а Електрани на Северна Македонија се пред почеток на изградба на нова електрана во стариот рудник во Осломеј од 10 мегавати од сопствени средства . Исто така, во тек е на оваа фотоволтаична електрана со 100 Мефавати –проект кој е пример во регионот ,честопати споменуван од Енергетската заедница.Во времето на ВМРО-ДПМНЕ за 11 години се изградија само 18 мегавати фотоволтаични електрани, за кои ние граѓаните 20 години ќе плаќаме вртоглаво високи цени на енергијата. ВМРО-ДПМНЕ повторно во отсуство на свои идеи копираат идеи кои СДСМ веќе ги применува со доаѓањето на власт. Во таа насока се и енергетски ефикасните фасади, проект кој функционира и граѓаните имаат придобивки од него.

Гасификацијата имаме и во здравството. Изминативе 2 години гасифицирани се клинички центар и болницата 8 ми септември.Во соработка со канцеларијата на ЕУ во тек е проект за гасификација на сите болници во државата (Битола,Охрид,Кичево,Прилеп,Тетово),а болниците во Куманово и Струмица се приклучуваат на локалната гасоводна мрежа.
Во однос на загадувањето ,СДСМ воведе бројни мерки и проекти со цел справување со оваа проблематика која со години беше игнорирана од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Токму СДСМ започна со замена на старите и нееколошки начини на загревање на јавни објекти и приватни домови, се подигнуваат нови зелени површини, се субвенционираат трошоците за замена на нееколошките возила со погон на гас, метан и струја, замена на старите и нееколошки автобуси на ЈСП со нови 33 еколошки автобуси во Скопје, 4 автобуси на метан во Прилеп од страна на општината, ЕСМ и општина Битола нови 6 автобуси. Потоа, субвенции, за инвентори, за велосипеди и електрични тротинети како алтернативен и еколошки начин на превоз.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува на овие две теми. Ако извршителот Мицкоски мисли нешто ново да им понуди на граѓаните, тоа и нека го направи. Мерки и проекти на СДСМ кои денес функционираат да не копира. Затоа граѓаните ќе ги поразат ваквите политики на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим никогаш повеќе, стои во партиското соопштение на СДСМ.