Македонија 18. јули 2019. / 21:43

СДСМ избра нови претседатели на комисиите

СДСМ избра нови претседатели на комисиите

На денешниот Централен одбор на СДСМ, партијата избра нови претседатели на своите комисии.

Новите имиња ги соопшти генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски, а ова се тие:

Претседател на комисијата за внатрешни работи – проф.Д-р. Зоран Верушевски, Претседател на комисијата за надворешни работи – Едмонд Адеми, Претседател на комисијата за правда – Златко Николовски, Претседател на комисијата за транспорт и врски – Благој Бочварски, Претседател на комисијата за финансии – Фатмир Бетиќ, Претседател на комисијата за европски прашања – Бојан Маричиќ, Претседател на комисијата економија – Кирил Колимишевски, Претседател на комисијата за животна средина и просторно планирање – Каја Шукова, Претседател на комисијата за здравство – Венко Филипче, Претседател на комисијата за информатичко општество и администрација – проф.Д-р. Драган Гоцевски, Претседател на комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство – Зоран Атанасов, Претседател на комисијата за труд и социјална политика – Милан Живковиќ, Претседател на комисијата за култура – Роберт Алаѓозовски, Претседател на комисијата за образование и наука – Елизабета Наумовска, Претседател на Комисијата за одбрана – Драган Николиќ, Претседател на комисијата за локална самоуправа – Дејан Павлевски, Претседател на комисијата за енергетика – Митко Андреевски.

СДСМ воведе и нова Комисија за спроведување на политиките на едно општество за сите граѓани.

Во наредниот период останува да се комплетираат секторите и секретаријатите на комисиите кои ќе работат на креирање на нови мерки и политики – посочи Љупчо Николовски.