Успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ даваат реални резултати и граѓаните веќе ги чувствуваат придобивките, велат од СДСМ.
–Со Законот за минимална плата, во 2017 година минималната плата порасна на 12.000 денари за сите стопански гранки. 90.000 граѓани денес добиваат повисоки месечни примања.Но заложбите на Владата предводена од СДСМ за повеќе пари во секое семејство, не застануваат. Отворен е социјално економски дијалог со синдикатите и работодавачите, со цел да се обезбеди законски загарантирана минимална плата од 13.000 денари веќе од 1 јули, истакнуваат од СДСМ.
Според нив платите и пензиите ќе продолжат да растат.
–Со растот на просечната плата, која веќе изнесува над 24.000 денари и растот на платите во сите сектори, се отвораат реални можности, следната, 2020 година, просечната плата да достигне 30.000 денари или околу 500 евра. Покрај платите, растат и пензиите. Ако на крајот на 2016 година, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, денес таа изнесува од 14.580 денари, што е за 826 денари повеќе. Ова се само дел од мерките кои значат повеќе пари кај граѓаните и подобра живејачка за сите граѓани, нагласуваат од СДСМ.