Македонија 10. јуни 2020. / 16:45

СДСМ и ДУИ размислуваат да се гласа 3 дена, а изолираните да гласаат од дома

СДСМ и ДУИ размислуваат да се гласа 3 дена, а изолираните да гласаат од дома

Изборите да траат неколку дена и да се гласа од понеделник заклучно со среда, односно изборите да се одржат во работен ден. Изборниот ден наместо до 19 да трае до 21 часот, да се гласа надвор таму каде што има услови за тоа, позитивните на ковид-19, како и лицата кои се во изолација и во самоизолација да гласат заедно со болните и немоќните, односно од дома.

Ова се само некои од варијантите кои владејачките СДСМ и ДУИ ги разработуваат за тоа како да се гласа во време на пандемија на корона вирусот, пишува „Плусинфо“.

Власта најавува дека изборите ќе се одржат на 5 јули, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ засега не дава виза за датум за избори, со образложение дека изборниот процес е преголем ризик за ширење на епидемијата.

Сепак, за какво било решение за изборниот ден потребни се измени на Изборниот законик, но Македонија нема функционално Собрание, а досега за тоа нема согласност ни од ВМРО-ДПМНЕ. За ова нема воедначен став ниту помеѓу владините партнери, бидејќи ДУИ ја турка идејата измените на Изборниот законик да се извршат со уредба од Владата, додека СДСМ смета дека не би било во ред ако за тоа нема согласност од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи досега сите измени на Изборниот законик се носеле со консензус меѓу власта и опозицијата.

Целиот текст на следниот ЛИНК.