Во текот на септември или најдоцна во почетокот на октомври СДСМ и ДУИ ќе се договорат и ќе се одлучи кој ќе ги заземе директорските места во извршната власт, најави мандатарот Зоран Заев.
Тоа е нешто што се разговара и е сложен процес. Знаете дека во претходниот мандат на 1 јуни 2017 јас станав претседател на владата, а некаде почеток на август ги одлучувавме директорските места. Зошто? Затоа што не се прави груба распределба кој каде ќе има одговорност туку кадрите кои се нудат на маса. Секако не само од политичките партии туку и од експертите, професионалците. Верувам дека во текот на септември овие одлуки ќе се носат за најдоцна во почетокот на октомври да бидат донесени, рече Заев.
За составот на новата влада кој го предложи тој, дебата во Собранието ќе почне утре. Тој очекува плодна дебата, која треба да заврши во недела, а веќе од следната недела земјава да има нова функционална влада.