Македонија 06. март 2019. / 11:23

СДСМ и ДУИ го усогласуваат Законот за попис

СДСМ и ДУИ го усогласуваат Законот за попис

Законот за попис е во Владата и во моментот тече усогласувањето меѓу коалициските партнери, информираа денеска владините портпароли Миле Бошњаковски и Муамет Хоџа.

– Најверојатно на следната владина седница ќе се најде на дневен ред. – истакнаа портпаролите за време на денешната редовна прес-конференција во Владата.

Инаку пописот на населението треба да се спроведе во 2020 година, а спорен беше делот, дали во него да има или да нема графа за етничка припадност на граѓаните.