„За првпат во историјата, наш министер за одбрана седна на масата на Алијансата“, велат од СДСМ и додаваат:
Министерката Радмила Шекеринска учествуваше на состанокот на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО, рамо до рамо со колегите од земјите членки на Алијансата.
Зад нас се годините кога земјава тонеше во изолација, поделби, економско уназадување и неизвесност. Република Северна Македонија конечно е дел од НАТО сојузот, учесник во процесите за глобална безбедност.
Во меѓувреме, започна и ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во парлеманетите на државите членки на НАТО. Протоколот веќе е ратификуван од парламентите на Република Грција, Словенија и Република Албанија, а во наредниот период се очекува ратификација и од парламентите на други земји членки.
Република Северна Македонија го добива своето заслужено место во НАТО и станува 30 земја членка на Алијансата, што значи безбедност, сигурност и стабилност, но и економски раст, повеќе инвестиции и повеќе пари за граѓаните.“, се вели во соопштението на СДСМ.