СДСМ поддржува пратеници да бидат лица кои имаат единствено македонско државјанство, но тоа да важи и за пратениците од актуелниот пратенички состав, велат од владејачката партија по денешниот предлог кој на оваа тема го упати пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
„Предлагаме и пратеници да не може да бидат лица кои се осудувани за кражби во други држави“, се наведува во реакцијата на СДСМ.
Предлогот за законски измени кој денеска го упати опозициската партија се случува откако бугарскиот министер за одбрана, Красмир Каракачанов, објави имиња на лица кои наводно имале бугарски пасоши.