Македонија 27. ноември 2020. / 18:16

СДСМ го обвинува Мицкоски: Нема став, ниту идеја, уште долго ќе остане во опозиција

СДСМ го обвинува Мицкоски: Нема став, ниту идеја, уште долго ќе остане во опозиција

Денеска владејачката партија излезе со соопштение каде го обинува Христијан Мицкоски дека нема ниту идеја, ниту став околу главните прашања. Како што велат тие, токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане во опозиција уште многу долго.

– Докажаниот губитник Христијан Мицкоски во јавни настапи самиот си потврдува дека став, нема понуда, нема идеја, тој нема ниту одговор на прашање што ќе понуди, велат од СДСМ.

Во истото соопштение тие даваат пофалба за здравствените власти.

– Додека Мицкоски нема став, нема идеја ниту одговор на сопствено прашање, здравствените власти и сите надлежни институции прават се, лавовски се борат со коронакризата на секој можен начин. Христијан немам став Мицкоски заслужено е во опозиција и уште долго ќе остане таму, изјавуваат од СДСМ.