Македонија 16. јули 2020. / 14:22

СДСМ бара ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати

СДСМ бара ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати

ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста, бараат од СДСМ.

Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата ‘Можеме’ изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика за конечниот резултат“, велат од партијата.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија им честита на сите граѓани за, како што велат, успешните, демократски и современи парламентарни избори на кои, се додава во соопштението, победи опцијата која нуди сигурна иднина за Северна Македонија.