Македонија 13. април 2020. / 16:57

СДСМ бара да се укине државната матура оваа учебна година

СДСМ бара да се укине државната матура оваа учебна година

Во време кога се соочуваме со пандемијата на кроонавирусот, специфичните услови во кои се одвива образовниот процес, се поставуваат одредени прашања за кои навремено треба да се донесат соодветни одлуки, рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната прес-конференција.

СДСМ смета дека не треба да има државна матура оваа учебна година.

Партијата бара укинување на државната матура за оваа учебна година, поради условите во кои се одвива образованиот процес, придизвикани од заштитните мерки против коронавирусот.

Како што рече. сите ученици треба да се ослободат од полагање на државна матура, а факултетите каде ќе има голема конкуренција за упис, селекцијата да ја направат преку приемен испит.

„На овој начин ќе ги поддржиме учениците, матурантите, имајќи ги предвид специфичните услови во кои се одвива образовниот процес и водејќи грижа за нивното здравје.

Сметаме дека ова е најисправната одлука имајќи ги предвид сите аспекти на кризата од коронавирусот за која очекуваме да се произнесат и надлежните институции.“, наведе Николовски.