Македонија 04. април 2019. / 17:30

СДСМ: Aко нема преговори со ЕУ, Мицкоски е крив

СДСМ: Aко нема преговори со ЕУ, Мицкоски е крив

Нема поголемо лицемерство од тоа на ВМРО-ДПМНЕ, партијата кочничар на интеграциите, да зборува за европски вредности и реформи, велат од СДСМ како реакција на пресот на Димче Арсовски, кој рече дека за ЕУ се потребни реформи, а не продажба на националните интереси.

Од владејачката партија истакнуваат дека за две години успешните политики и реформи на Владата ја отвориле перспективата кон ЕУ и НАТО.

Со ратификацијата на протоколот за пристапување, членството во НАТО станува извесно. Пред нас се неколку клучни услови за почеток на преговорите со ЕУ, чиј почеток е предвиден за средината на годината, се наведува во партиското соопштение, во кое се додава дека доколку не почнат преговорите со ЕУ, тоа ќе биде поради три причини предизвикани од однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, до негаивен исход може да дојде доколку опозициската партија продолжи да го кочи носењето на Законот за Јавното обвинителство и работи против СЈО, ако продолжи да работи на блокада на реформските закони и доколку повика на бојкот на претседателските избори.

Од партијата нагласуваат дека Ввладата останува на евро-атлантскиот курс и продолжува со заложбите за полноправно членство во ЕУ и НАТО, но, како што велат, клучна одговорност има и ВМРО-ДПМНЕ.