Македонија 20. мај 2020. / 10:41

Само Заев сака избори во јуни, а само во последните четири дена има 99 новозаразени и 9 починати од Ковид-19

Само Заев сака избори во јуни, а само во последните четири дена има 99 новозаразени и 9 починати од Ковид-19

Само претседателот на СДСМ, Зоран Заев заедно со неговиот коалициски партнер БЕСА, сакаат брзи избори во јуни.

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, преку интервјуата што ги дадоа Христијан Мицкоски и Александар Николоски, јасно дадоа до знаење дека избори за нив се прифатливи на крај на август или септември а како предлози ги посочија датумите 23 август, 30 август и 13 септември, бидејќи според нив здравјето на граѓаните било на прво место, и дотогаш ситуацијата со коронавирусот ќе се стабилизирала.

Според последните изјави од ДУИ тие остануваат на ставот дека избори до 5 јули можат да се одржат само доколку условите го дозволат тоа, или изборите да се одржат во првата недела од октомври. Со оглед на порастот на бројот на новозаразени во последните денови, за ДУИ очигледно останува октомври како опција.

Со оглед на тоа дека бројката на новозаразени и починати од коронавирус не се намалува, и само во последните четири дена имаме 99 заразени и 9 починати, станува јасно дека услови за оддржување на избори во јуни нема.

Според аналитичарите и опозицијата на СДСМ му се брза на избори, затоа што нивниот рејтинг забрзано тоне, последен обид да ги оправдааат брзите избори во јуни беше аргументот дека ситуацијата со коронавирусот во Македонија е стабилизирана. Но последните четири дена се голем демант на ваквите тврдења на владејачката партија бидејќи само во последните четири дена имаме 99 заразени и 9 починати од коронавирус.

Во ситуација кога Македонија има највеќе починати на еден милион жители, споредено со било која држава во регионот. Македонија има 51 лице починато на милион жители, Грција има 16, Бугарија има 17, а Србија има 27 лица починати од коронавирус на 1 милион жители , покажуваат денешните податоци од www.worldometers.info. Но и покрај овие бројки, само Заев останува во лудоста избори да се оддржат во јуни.