Македонија 24. октомври 2019. / 15:28

Само екс-министерката Гордана Јанкулоска му постави прашање на сведокот Зоран Заев

Само екс-министерката Гордана Јанкулоска му постави прашање на сведокот Зоран Заев

Само екс министерката Гордана Јанкулоска, како обвинета во „Таргет и Тврдина“ денеска во судница му постави прашање на премиерот Зоран Заев, додека сите други обвинети, меѓу кои и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, не го искористија правото на вкрстено испрашување. При сведочењето, пак, на Зоран Верушевски никој не постави никакво прашање.

Премиерот Заев во судницата беше во својство на сведок за случајот со масовното нелегално прислушување.

Јанкулоска го праша Заев дали е точно дека имало дисконтинуитет во доставувањето на „бомбите“ во партијата СДСМ, на што Заев одговори потврдно, односно истакна имало денови за кои не добиле ниту еден прислушуван разговор.

-Постоеја денови кога немаше материјали од нелегалното прислушување. Така, на пример, имаше за датумите од 1 до 18, а недостасуваа за периодот од 18 до 24. Затоа не ги објавивме бомбите за „А1“ телевизија, зошто имаше празнина. Во секој случај, не било возможно 100% да се земат материјалите и да се донесат во СДСМ, одговори Заев.