Македонија 24. април 2018. / 22:55

Самит Софија: Еве што пишува во софиската декларација

Самит Софија: Еве што пишува во софиската декларација

Во декларацијата која ќе биде усвоена на Самитот во Софија нагласена е поддршката за европската перспектива на Балканот, но и обврските и принципите кои треба да се почитуваат во тој процес, пишува РТС, кој имале увид во текстот на декларацијата.

Во текстот, како што пишуваат, се нагласува спремноста на ЕУ да го подобри ангажманот на сите нивоа со цел политичка и економска трансформација на регионот, вклучувајќи и зајакнување на финансиската и техничката помош, во зависност од напредокот за владеење на правото на партнерите на Балканот.

ЕУ во декларацијата од партнерите од Западен Балкан очекува да дадат приоритет на демократијата, владеењето на правото и решавање на споровите од минатот.

Самитот ќе се одржи на 17 мај во Софија.