Македонија

Најважни поенти од Самитот ЕУ-Западен Балкан

Најважни поенти од Самитот ЕУ-Западен Балкан

Европските лидери се едногласни дека земјите од Западен Балкан имаат добра перспектива во евроинтеграциите.

Ова се најважните поенти од изјави на европски премиери и претседатели пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија.

Јоханес Хан

– Постои европска перспектива, која ќе биде потврдена и денеска. Но, она што го кажавме пред неколку месеци се уште важи: целиот процес е заснован на заслуги, така што, секоја земја треба да ја заврши својата домашна задача, а потоа да има европска перспектива. Сите земји имаат иста перспектива и појдовна точка, но напредокот е индивидуален, па зависи од земјата колку брзо ќе напредува кон Европа.

Јуха Сипила, фински премиер

– Прашањето за владеење на правото е многу важно. Важно е да се има визија за реформите да продолжат во овие земји, но, во исто време мораме да бидеме реални за временскиот распоред.

Тереза Меј, британски премиер

– Ќе разгледаме како можеме да работиме заедно во соработка во Европа, за да обезбедиме поголема стабилност и просперитет за Западен Балкан

Емануел Макрон, претседател на Франција

– Не сум за тоа ново проширување да има пред да се спроведат вистински и трајни реформи, кои треба длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ, изјави Макрон…Треба да им се помогне на сите држави што се во процес на спроведување реформи и кои напредуваат кон Европа. Тоа е мој стратешки избор. Но, јас не сум за тоа да има ново проширување пред вистински и трајни реформи, што длабински ќе го подобрат функционирањето на ЕУ.

Стефан Лофвен, шведски премиер

– Имаме многу заедничко што треба да разговараме – безбедност, миграција, организиран криминал. Сакаме поблиска врска со овие земји.

Јури Ратас, Естонски премиер

– Се сеќавам лично многу добро, колку беше важно за Естонија пред да се приклучи на ЕУ, дека вратата е отворена и тоа значи дека вратата е отворена за двете страни.

Себастијан Курц, австриски канцелар

– Гледаме добра перспектива за Западен Балкан. Нашата цел е да ги поддржиме сите овие земји на нивниот пат кон Европската унија …. Ние го преземаме претседателството (ЕУ) на 1 јули и наша јасна цел е да имаме напредок на патот кон Европската унија во ова време. Особено во Србија и Црна Гора, ние сме многу оптимисти, но други, исто така, треба да напредуваат. Во случајот со Македонија, треба да го решиме проблемот со името и се надевам дека ќе постигнеме напредок.