Македонија 12. јуни 2018. / 17:48

Сакаш ли да се разбудиш во Северна Македонија?

Сакаш ли да се разбудиш во Северна Македонија?

Премиерот Зоран Заев на 27 март лани во интервју за Канал 5 ќе каже ” Јас реков може да ми ја чепкате секоја жица и на гитара и на алишта дома и на се но немојте да ми ја чепкате македонската жица оти изгубен во времето ќе го барам семето одејќи по жица” една година подоцна името на нашата држава ќе се вика Severna Makedonija користејќи erga omnes (за внатрешна и надворешна употреба) верификувано со уставни измени што се очекува да биде потпишан во Преспа до крајот на неделава.

Тоа значи дека нема да смееме повеќе да викаме Фудбалска Федерација на Македонија туку ќе мора да викаме Фудбалска Федерација на Северна Македониај, а нашата репрезентација ќе биде репрезентација на Северна Македонија. Нема да постои МАНУ (Македонска Академија за Науки и Уметности) туку ќе се вима СМАНУ (Северно Македонска Академија за Науки и Уметности). На нашиот пасош, државјанство и лична карта држава на раѓање ќе стои Северна Република Македонија, името Република Македонија што го користевме до сега ќе замине во историја. Во блиска иднина ако некој напише во некој документ и Република Македонија наместо Република Северна Македонија, може да добие казна и тоа казна од својата држава! Зошто ако еднаш стапи на сила овој договор со Грција ќе има и механизми за контрола како се применува во нашата држава договорот што го потпишал Заев.

Зоран Заев на 8 декември во емисијата Топ тема рече„ Нема промена на уставното име и нема промена на нашиот идентитет, на нашата национална посебност. За сѐ друго сме подготвени да разговараме и верувам дека со интензивна дипломатска активност можеме да најдеме решение на овој проблем“, рече Заев.

Според новиот договор за државјанството ќе се користи терминот македонско/граѓанин на Република Северна Македонија кој не е поврзан со со античката грчка цивилизација. До сега во свет не е позната ваков преседан со фуснота да се објаснува и менува нечив идентитет. Со самата потреба да се објаснува дека луѓето од оваа земја немаат врска со античката грчка култура значи и менување на неговиот идентитет.

Многу интелектуалци и од левица и од десница и неутрални, многу пати апелираа и повикуваа  ова лудило на распродавање на македонските интереси веднаш да престане. Се поголем број на Шарени револуционери, кој учествуваа во рушењето на власта на Никола Груевски, денес се жестоки противници на Заев и неговата политика за насилно менување на нашето име, идентитет и историја.

Дури и Бранко Геровски во неговата денешна колумна за Плус инфо ќе напише “ПС. И натаму тврдам дека употребата на името „Република Северна Македонија“ во домашниот правен сообраќај е непотребно и е задоволување на каприцот на грчката страна”.

Почитуван граѓанин, дали сакаш да се разбудиш во Северна Македонија?