Сегашниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓоргија Сајкоски сведочеше за настаните од 27 април.
Тој истакна дека учествувал на протестите во неговиот роден град Кичево, но оти партијата не била организатор.
Протестите беа организирани од граѓанско здружение. Јас учествував во Кичево и на нив беа и членови и функционери на СДСМ и на други партии. Но, одлука на OK Кичево и на Централниот комитет на партијата за протести немаше, појасни Сајкоски.