Министерката за одбрана Радмила Шекеринска во последниот период истакна цврста поврзаност со Република Турција, која пак се повеќе се приклонува кон Русија. Ова ги запалило црвените аларми во Стејт Департментот на САД, кои се главен стратешки партнер на Македонија – брифираат за Лидер, диполоматски извори.
Вчера, Шекеринска се сретна со министерот за национална одбрана на Турција, Хуљуси Акар кој вчера престојуваше во официјална посета на нашата држава.
-Со Турција нè врзува цврсто пријателство и соработка на сите полиња кои што траат во изминатите децении, а не години. Овие врски се особено силни во секторот одбрана“, истакна министерката. Додаде дека досега девет земји го ратификуваа пристапниот протокол и изрази очекување дека тоа ќе го направи и земјата која даде огромна поддршка во овој процес – Турција.
Шекеринска информираше дека на петти февруари годинава, во сила влезе претходно потпишаниот и ратификуван договор за воена-финансиска соработка кој што е многу важен земајќи предвид дека нашата држава го започнува процесот на модернизација на својата армија.
Ваквите активности на Радмила Шекеринска, сериозно го запалиле дипломатскиот аларм, ако се има предвид дека во изминатите неколку дена Соединетите Американски Држави се во сериозен дипломатски конфликт со официјална Анкара, поради идејата на авторитарниот лидер на Турција, Реџеп Тајп Ердоган, да набави S-400 систем за воздушна одбрана.
Од Пентагон и упатија сериозна закана на Анкара, поради идејата да се набават S-400 системи, за што Турција веќе обучува пилоти и кадар.
Портпаролот на Пентагон, Чарлс Самерс, во прес конференција за медиумите истакна дека САД планираат да воведат санкции за американската воена технологија која Турција веќе ја користи.
-Набавката на S-400 системи од страна на Турција за за нас е недозволива и ќе преземеме мерки. – рече Самерс.
Токму во овие турбулентни времиња на релација Вашингтон – Анкара, влета нашата министерка за одбрана со директна поддршка за Турција.