Македонија 22. октомври 2019. / 21:20

Амбасадорката Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон иднината

Амбасадорката Брнс: Ратификацијата е резултат на напорна работа и посветеност кон иднината

 

По ратификацијата на пристапниот протоколот на Македонија во НАТО, американската амбасадорка во земјава, Кејт Брнс, ја поздрави одлуката на Сенатот на САД, оценувајќи ја како резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината.

– Многу задоволна поради огромната поддршка на Сенатот во ратификацијата на пристапниот протоколот на Северна Македонија во НАТО од страна на САД. Тоа е резултат на напорна работа и посветеност кон вложување во иднината. Со нетрпение очекувам продолжување на развојот и зајакнување на партнерството меѓу нашите две земји – порача амбасадорката Брнс на Твитер.