Македонија 02. декември 2019. / 09:41

САД го депонирале протоколот за НАТО и ја чекаат Македонија како 30. членка

САД го депонирале протоколот за НАТО и ја чекаат Македонија како 30. членка

Државниот секретар Мајк Помпео објави дека САД го депонирале ратификуваниот протокол за членство на Македонија во НАТО

– Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.


Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.

Од полноправното членство во НАТО, Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација  да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка