Македонија 23. јуни 2018. / 22:10

САД бара од Франција да ја поддржи Македонија на патот кон НАТО и ЕУ

САД бара од Франција да ја поддржи Македонија на патот кон НАТО и ЕУ

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, како што стои на официјалниот сајт на Стејт Департментот, го повикува франускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ла Дриан да го поддржи проширувањето на НАТО Алијансата и да се приклучи кон поканата за Македонија да биде примена во организацијата, објави 1ТВ.

Помпео исто така од Французите бара да испратат покана за отворање на преговорите помеѓу ЕУ и Македонија за полноправно членство, откако беше потпишан договорот меѓу Македонија и Грција.

Помпео и Ла Дриан освен за ова прашање, разговарале и за ситуацијата во Сирија, како и за резултатите од самитот во Сингапур.