Политичари не се споменуваат во исказот на Орце Камчев, освен премиерот Заев дека пријавил за случајот „Рекет“ рече обвинителката Вилма Рускоска.
По однос на записникот кој протече во јавност, таа беше децидна дека по завршена истрага се дава препис за истрагата и за осомничените на одбраната.
Прашана кога повторно ќе го викнат Бојан Јовановски Боки 13 на сослушување, таа кажа дека за сега нема потреба.
Рускоска беше децидна дека се работи интезивно на финансиската истрага за Рекет.
Прашана дали Катица Јанева ќе бара домашен притвор поради наруена здравствена состојба, Рускоска рече дека не е запозната со тоа.