Македонија 04. декември 2019. / 13:10

Рускоска за казната на Кичеец: Изречената санкција е очекувана и добра

Рускоска за казната на Кичеец: Изречената санкција е очекувана и добра

Казната за Зоран Милески-Кичеец е очекувана, изјави по изрекувањето на пресудата шефицата на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска. Таа најави дека откако ќе ја добие пресудата ќе реши дали ќе поднесе жалба.

-Мислам дека е добра изречената санкција, но сепак откако ќе ја добијам пресудата ќе одлучам дали ќе поднесам жалба за висината на казната. Не очекував повисока казна, зашто сепак е голем распонот од една до десет години со оглед дека досега е неосудуван и особено што призна вина, рече Рускоска.

Кичеец денеска беше осуден на три години затвор за примање награда во случајот „Рекет“, откако вчера единствено тој ја призна вината.