Руските вакцини Спутник V, утре доаѓаат во Македонија. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче на денешното обраќање на медиумите.
Руските вакцини беа последно нарачани од нашата земја, а ќе пристигнат први, во очеквуање на вакцините на Фајзер, кои премиерот Заев ги најави за крајот на месецов.
-Од руската компанија ги добивме сите административни дозволи, и дозволите да се стави во употреба. Многу веројатно во среда ќе започне вакцинацијата, а пратката утре треба да пристигне на скопскиот аеродром околу 14 часот, рече Филипче.
Станува збор за 200 илјади вакцини кои беа нарачани од Русија.