По вчерашната изјава на македонскиот премиер дека Русија плаќала за насилни протести во Македонија се огласи и Руската амбасада во која се вели дека изјавата на Заев ја сметаат за политички неодговорна.
„Изјавата на Заев ја става под знак прашање искреноста на заложбите на Владата на Македонија за градење добри односи со Русија. Со жалење констатираме дека русофобијата сѐ повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика“, се вели во реакцијата на руската амбасада во Македонија.
Изјавата на @Zoran_Zaev ја сметаме за политички неодговорна. Таа ја става под знак прашалник искреноста на заложбите на @VladaMK за градење добри односи со #Русија. Со жалење констатираме дека #русофобија се повеќе станува алатка во надворешната, а и во внатрешната политика pic.twitter.com/OgdLcz4iDS
— Посольство России МК (@Russian_Emb_MKD) July 16, 2018