Македонија 09. јули 2019. / 17:58

Руската амбасада се огласи по разговорот на Заев со комичарите

Руската амбасада се огласи по разговорот на Заев со комичарите

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје не сака да го коментира разговорот на руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров со премиерот Зоран Заев, кој наседна на нивната измама и помисли оти од другата страна на линијата се довчерашниот украински претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

– Амбасадата не коментира активности на приватни лица, особено не шеги на комичари. – изјавиле од руската амбасада за „Независен весник“.

Премиерот Заев денеска тврдеше оти е жртва на измама на добро организирана структура што работи против земји со евроатлантски аспирации. Рече дека оставка не поднесува, а не најде вина во својот тим што му дозволи да контактира со комичарите, мислејќи оти се познатите политичари од странство.