Македонија 23. јули 2018. / 19:19

Рот: Македонија нема друг пат кон Европа, освен преку прифаќање на спогодбата со Грција

Рот: Македонија нема друг пат кон Европа, освен преку прифаќање на спогодбата со Грција

Македонија нема друг пат кон Европа, освен преку прифаќање на спогодбата со Грција со која се решава деценискиот спор за името. Силна порака во Скопје упати и германскиот министер за Европа, Михаил Рот, кој потенцираше дека референдумот мора да биде успешен за да започне. Германскиот дипломат смета дека договорот е историски и Европа е горда со двете земји.

Министерот Димитров очекува голема поддршка од пријателите на Македонија во текот на референдумот за конечен позитивен исход и повика на одговорност во одлуките од државен интерес кои мора да се над партиските.

Михаил Рот утре треба да се сретне со лидерот на опозицијата Мицкоски, на кого ќе му порача дека одговорни одлуки се неопходни без оглед на околностите.