Македонија 23. февруари 2019. / 13:04

Росоклија до Заев: Власта се менува, тие што ме тепаат во затвop се истите

Росоклија до Заев: Власта се менува, тие што ме тепаат во затвop се истите

Горазд Росоклија во својот Твитер статус го цитира Венко Марковски, македонски поет кој лежел по бугарските и југословенските затвopи за македонската кауза и воедно го потсети Зоран Заев дека власта се менува и дека еден ден некој нив ќе ги тепа.

-Власта се менува, тие што ме тепаат во затвop се истите, Венко Марковски – поет кој за македонската кауза лежел во бугарски, српски, југословенски затвopи и логopи. Ова доколку Заев и тие околу него се прашуваат кој нив ќе ги тепа. Толку направено зло мора да има наплатна цена, пишува Росоклија.