Бедри Ајдари, роднина на еден од обвинетите во „Монструм”рече дека се незадоволни од пресудата и повика на протест во петок.
Тој во изјава за медиумите пред судот рече дека тоа им е единствен начин за борба и дека ова е еден вид на војна.
„Ова не е правна држава и нема правен систем. Најавувам протести и ги повикувам челниците на државата да протестираат како што ние протестиравме за правниот систем да се регулира. Тоа не се случи и барам од политичките партии кои го поддржуваат чинот, да се повлечат и да се дистанцираат од оваа одлука и тие да ни се придржат. Ќе протестираме во петок и ова е еден вид на војна. Тука сме и ќе се бориме, какви ни се средствата, така ќе дејствуваме”, изјави Ајдари по изрекувањето на пресудата.
Според роднините на обвинетите се работи за монтиран случај за кој не биле доставени доволно докази за да се открие вистинската причина за мотивот, но и за нарачателот и извршителите на убиството на „Смилковско“
Инаку денеска, Кривичниот суд ги изрече следниве пресуди за обвинетите во случајот „Монструм“, што се однесува на петкратното убиство кај Смилковското езеро:
Алил Демири – виновен за теторизам, доживотен затвор
Африм Исмаиловиќ – виновен за теоризам , доживотен затвор
Агим Исмаиловиќ – виновен за теторизам, доживотен затвор
Хаки Азири – виновен за две кривични дела за помагање, единствена казна затвор од 9 години
Фејзи Азири – виновен за 2 кривични дела за помагање во извршување на кривично дело, единствена казна затвор од 15 години
Сами Љута – се отфрла обвинението.