Со мирен протест пред Основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово, општина Босилово, родители побараа нивните деца да се вратат во клупите и тоа не само до трето, туку сите до деветто одделение.
Според родителите, училиштето ги исполнува сите услови за настава според протоколите.
Ние сметаме дека нашето училиште ги усполнува условите за физичко присуство. Јас сметам дека нашето училиште единствено во државата ги исполнува условите, имаме четири влезови и четири излези и така натаму и гарантираме дека ќе нема никакви проблеми. Просториите во училиштето се по 56 квадратни мерки и децата ќе бидат на безбедна оддалеченост, вели Спасо Киров, родител на тројца ученици од село Моноспитово.
Јулијана Бансколиева вели дека сите родители дале изјава дека се согласуваат нивните деца да посетуваат настава во училиштето.
Училиштето ги исполнува сите услови и затоа бараме децата да се вратат на настава, рече Бансколиева.
Протестот на родителите го поддржа и директорката на училиштето.
Јавно ги поддржувам родителите и како директор и како родител.Ние направивме се што е потребно за одржување настава со физичко присуство. Имавме посета од државните просветни инспектори, кои дојдоа и ја констатираа фактичката состојба, за на крај Комисијата за заразни болести да не ни даде согласност без никакво образложение, нагласи директорката Соња Бучкоска.
И градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, смета дека училиштето ги исполнува сите услови за настава со физичко присуство.
Ние како општина сметаме дека Основното училиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово ги исполнува сите услови и наставата може да се организира и изведува безбедно. Ние гарантираме дека е така, изјави градоначалникот Зимбаков.
Инаку, во Основното учиште „Борис Трајковски“ во село Моноспитово настава посетуваат 130 ученици од прво до деветто одделение