Македонија 14. март 2021. / 16:26

Ристова Димова: СДСМ малтретира вработени во јавниот сектор што мислат поинаку од власта

Ристова Димова: СДСМ малтретира вработени во јавниот сектор што мислат поинаку од власта

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува сите политички притисоци врз вработените, дискриминација и малтретирање на работно место, како и отпуштања од работа. Огромен број на вработени останаа без работа само затоа што мислат и зборуваат поинаку од актуелната власт, или пак бараат почитување на законите и владеење на правото, вели Татјана Ристова Димова од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нејзината прес-конференција:

За жал, освен секојдневните финансиски скандали, не престануваат ни секојдневните малтретирања и скандали со вработените во институциите, особено ако станува збор за професионалци, кои не се истомисленици со властите од СДСМ.

По последните информации споделени со јавноста од страна на синдикатите каде се обелоденија информации за многу закани, преместувања на вработени од едно на друго работно место, разрешување од работа, незаконити откази, психолошки терор, ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозеност и жалење што во Македонија наместо правда и мир имаме целосна политизација и сегрегација на вработените во јавниот сектор.

Во работните односи бесрамно и веќе јавно се манифестира непочитување на законските одредби, закани и дисциплински постапки за вработени од Трудовиот Инспекторат само затоа што го почитуваат законот, заради постоење на лична неспособност градење лажна авторитарност на работно место, па аналогно на тоа, од страна на некои раководни структури позиционирање над законот, и сеење страв меѓу вработените.

Покрај тоа сензационализмот и популистичкиот пи-ар на власта, го стави на колена социјалниот дијалог и партнесрството, со кои оваа влада најавуваше демократизација на работничите права.

Лажно се најави 100% покривање на боледување заради ковид од страна на министерката Шахпаска и којзнае уште што не, неделата како неработен ден која ја преземаа од програмата на ВМРО-ДПМНЕ не знаат како да ја спроведат во реално законско решение. Остануваат законите само на хартија, ако не им дадеме душа и не ги имплементираме ние немаме законски решенија.

Законско решение кое ќе биде полезно за работниците, но прифатливо и за работодавачите, мерките за економски спас излегоа травијални, па сега т.н. 5 сет на мерки кој го чекаме веќе 3 месеци, без реална основа за негово реализирање во скора иднина, невработеноста расте, како што растат бројките на заболените од Ковид.

Сите овие индивидулани пресметки, сите овие закани се што сторивте само со неистомисленици во синдикатите, но и со целиот народ преку тортурата , преку скандали и неспособност за соочување со Ковид последиците на сите полиња, ја уништија радост кај македонскиот народ и ја убија надежта.

Тоа е стратегија на СДСМ и нивниот тим, тоа се нивните решенија, тоа е се она што ветуваа како програма да се уништи секој кој мисли поинаку, кој бара почитување на законите и кој работи за доброто на својата земја Макдонија.

Но, очигледно е дека се лажат сите оние кои мислат така. Македонскиот народ се буди. Македонскиот народ, македонската интелигенција, вработените, работодавачите се будат!

ВМРО-ДПМНЕ секогаш е и ќе биде за социјална правда, еднаквост професионалност и унапредување на правата на работниците.

Се обраќаме до сите вас вработени: Со вас сме, не сте повеќе сами, немојте да се плашите и да подлегнувате под притисоците и заканите и да молчите. Користете го своето право.

При крај се тортурите кон вас, на нив им се ближи крајот. Ве повикуваме сите заедно под барјакот на правдата и достоинствениот живот предводен од ВМРО-ДПНЕ да застанеме против злоупотребата на правата од работен однос и анти-социјалната политика на оваа Власт!

Денес е величествен ден. Денес е Велики Поклади или традиционално меѓу народот препознат како прочка. Чест ми е и задоволство да ви го честитам празникот на сите кои што сте од христијанска вероисповед. Простувањето, работењето на себе, свесноста за сите работи кои што сме ги направиле почнуваат од нас самите.

Се прашувам дали некогаш оваа власт ќе смогне снага да си прости за егзодусот и уништувањето на сопствениот народ и сопствената држава Македонија.