Минисерот за здравство, Венко Филипче, и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, го урнисаа здравствениот систем, а справувањето со короната им е најслаба точка, изјави денеска д-р Љупче Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, катастрофалниот менаџмент со здравството го платиле граѓаните, а некои од нив и со своите животи.
„Наместо како во сите други држави во регионот и пошироко да ја остават струката да работи и да се справува со ситуацијата, политиката ја презема палката во здравството. Со ова целосно го уништија здравствениот систем. Филипче и Заев ја направија Македонија црна точка во регионот и пошироко. Македонија ја направија тразнит-држава за странски државјани, а своите граѓани непожелни во другите држави“, рече Ристески.
Филипче и Заев, вели тој, мора да одговараат за својата неспособност да се справат со последиците од коронавирусот, кои се огромни.
Ристески оцени дека Владата не може да се справи со ситуацијата.