Македонија 26. јули 2019. / 11:05

Рикер денеска на средба со Мицкоски

Рикер денеска на средба со Мицкоски

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, денеска ќе се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ за „Лидер“ потврдуваат дека во попладневните часови во партиското седиште ќе биде остварена средба меѓу Рикер и Мицкоски.

Рикер денеска престојува во работна посета на нашата држава.