Македонија 03. јануари 2020. / 15:56

Ременски му се заканува на Заев?! – најавува соработка со новиот министер за внатрешни

Ременски му се заканува на Заев?! – најавува соработка со новиот министер за внатрешни

Заканувачки пораки до ОЈО но и до својата партија СДСМ испрати денеска прстеничката Фросина Ременски.

Таа најави соработка со новиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, околу расветлување на криминалот.

Пратеничката од СДСМ Фросина Ременски за денешното обвинение против неа за случајот „Меѓународен сојуз“ денеска дознала од медиумите.

Тоа уште еднаш покажува како функционираат нашите институции и дали постапуваат согласно законот, независно кон кого се однесуваат. Во однос на одлуката на ЈО можам само да искоментирам дека е избрзана одлука и е само уште една потврда за тоа дека конструкции без докази може да станат основи за обвинение. Тоа секако ќе се докаже, но за тоа некој мора да сноси одговорност и можам слободно да кажам дека со овој процес можам слободно да најавам и реформа на ЈО, имајќи предвид дека многу од прашањата допрени во јавноста останаа неодговорени и секако тука не очекувам соработка од останати институции, но очекувам соработка од новиот министер за внатрешни работи, којшто можеби ќе има слух и сенс за одредени прашања којшто не беа отворени во изминатиот период, со тоа да добијат на гласност, а со тоа и опозицијата да покаже дека стои на ставот дека ќе работи професионално и согласно закон, рече денеска Ременски.

Додаде дека во „оваа смешна постапка“ ќе се виде немањето на докази против неа.