Македонија 30. мај 2019. / 11:06

Реконструкцијата на Владата и одземањето на мандатот на Груевски на иста седница

Реконструкцијата на Владата и одземањето на мандатот на Груевски на иста седница

Предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски како и предлог за реконструкција на Владата на дневен ред пред пратениците да се најдат на иста седница која би се одржала меѓу 10 и 15 јуни, најави на денешниот брифинг претседателот на собранието Талат Џафери, пренесе Слободен печат.

– Согласно обврските што ги има и секако по добиен соодветен предлог ќе се стават на дневен ред. Пред 10 јуни нема да биде зошто пратениците имаат обврски а после 15 имам планирано службено патување во Кина. Така што нема пречка двете точки да се стават на дневен ред на иста седница. – рече Џафери.

Вчера Комисијата за мандатното имунитет прашања донесе предлог одлука да му се одземе мандатот на Груевски.

Инаку Груевски во моментов не зема воопшто плата, но се уште му се плаќаат придонеси.

Џафери во одговор на прашање рече дека тој ќе гласа за одземање на мандатот на Груевски затоа што се исполнети законските услови.