Бројот на новозаразени од Ковид-19, опаѓа. Во последните 24 часа, како што информираат од Министерството за здравство, од 761 тестирања, регистрирани се 106 нови случаи позитивни на корона вирусот. Од друга страна бројот на оздравени е далеку поголем од тие ново заразени, односно денеска Институтот за јавно здравје се регистрира 603 оздравени пациенти од кој најголемиот број во Скопје – 230, потоа следат Охрид со 54 оздравени, Прилеп 51, Струга 30, Куманово 24.
Истовремено дневната статистика на Министерството за здравство, регистрираше нови 20 починати лица од Ковид-19, и тоа четири пациенти од Скопје (85, 63, 86 и 77г), еден од Куманово (65г), еден од Дебар (68г), двајца пациенти од Прилеп (75 и 81г), двајца од Битола (84 и 69г), еден од Охрид (55г), еден од Кавадарци (81г), тројца пациенти од Гостивар (55, 59 и 67г), еден од Крива Паланка (82г), еден од Крушево (49г), еден од Валандово (64г) и двајца од Неготино (66 и 80г). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84129, бројката на оздравени пациенти е 63532, на починати е 2550, а бројот на активни случаи изнесува 18047. Од вчерашната статистика се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 36375, активни 10757
Куманово 4775, активни 473
Дебар 641, активни 114
Штип 3316, активни 208
Прилеп 4261, активни 462
Тетово 4788, активни 810
Струга 2062, активни 296
Велес 2780, активни 443
Битола 3053, активни 485
Охрид 2468, активни 463
Кавадарци 2163, активни 487
Гостивар 3402, активни 506
Гевгелија 1177, активни 266 (80 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 202 на Богданци и 12 се странски државјани)
Струмица 2326, активни 588
Крива Паланка 635, активни 121
Радовиш 626, активни 99
Крушево 167, активни 73
Кочани 1609, активни 193
Пробиштип 450, активни 35
Демир Хисар 237, активни 35
Македонски Брод 220, активни 23
Пехчево 156, активни 25
Берово 503, активни 46
Валандово 313, активни 50
Виница 448, активни 60
Делчево 671, активни 206 (183 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
Кратово 193, активни 12
Свети Николе 1043, активни 82
Кичево 1578, активни 203
Ресен 654, активни 140
Неготино 1039, активни 286 (165 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 761 теста се преку: ИЈЗ-172, ЦЈЗ Скопје-45, Авицена-0, Биотек-15, МАНУ -54, Жан Митрев (Филип Втори)-106, Систина со PCR метода -274, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-0, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -61, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 405 108 тестирања на Ковид -19.