Македонија 11. ноември 2020. / 13:24

Регистриран уште еден земјотрес во Маврово

Регистриран уште еден земјотрес во Маврово

Сеизмолошките опсерватории, денеска точно на пладне кај Маврово регистрирале нов земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Ова е втор регистриран земјотрес, по утринскиот кој беше почувствуван низ цела држава.

Според информациите од сеизмолошката опсерваторија при ПМФ утринскиот земјотрес бил со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот кој се случил во 4 часот и 54 минути бил почувствуван на цела територија на Северна Македонија, а епицентарот се наоѓал 50 километри југозападно од Скопје, во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, во близина на Маврово, на длабочина од 8,5 километри.