Ниту Агенцијата за внатрешно разузнавање нема да има заменик-директор со целосни надлежности да го замени директорот во неговата работа. Предлог-законот за Агенцијата која ќе ја замени УБК, предвидува тројцата нејзини заменици-директори да покриваат одредени сектори. Според законот, директорот има целосни надлежности за организирање, систематизација на работата и донесување одлуки во име на Агенцијата.
Агенција за внатрешно разузнавање
-Директор
-Заменик-директор за опасност од шпионажа
-Заменик-директор за опасност од тероризам
-Заменик-директор за опасност од екстремизам
Ова не се совпаѓа со досегашната пракса на службите за безбедност и институциите на централната власт. Институциите обично имаат директор, заменик-директор и помошници-директори кои покриваат одредени сектори. Критериумите за избор на директори и заменици остануваат високи. Предвидено е директорот да има најмалку 15 години работно искуство во службите за безбедност и контраразузнавање и да има соодветна академска подготвеност. Заменик-директорот треба најмалку да има 12 години работно искуство и соодветна академска подготовка.
Не се знае точно колку лица во земјава ги исполнуваат ваквите критериуми, со оглед на фактот дека многумина од вработените во досегашните безбедносни служби немаа соодветно образование. Многумина од нив се педагози, филолози или потекнуваат од други професии. Условот 15 години односно 12 години работно искуство за директорот и заменик-директорот автоматски ги елиминира лицата со соодветно образование, но кои се млади по возраст.
Агенција за внатрешно разузнавање
-Директорот да има најмалку 15 години работно искуство во раководење на безбедносни и служби за разузнавање.
-Заменик-директорот да има најмалку 12 години работно искуство на раководни позиции во безбедносните и службите за разузнавање.
Предлог-законот нема ниедна одредба со која се регулира правичната застапеност на заедниците на раководни позиции во Агенцијата за внатрешно разузнавање. Една одредба предвидува правична застапеност на заедниците, но на ниво на сите вработени.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски не беше достапен за Алсат да ја објасни работата на Агенцијата по трансформацијата на УБК. Иако веќе функционира Оперативно-техничката агенција кој е преносител на сигналот кај институциите кои бараат следење на комуникации и Агенцијата за внатрешно разузнавање со предлог-законот се предвидува да има право да прислушува…