Во текот на вчерашниот ден беше договорено бугарската национална телевизија од 1 март ќе се емитува и во Македонија, а за ова реагираат дури и коалиционите партнери на Заев.
На вчерашниот состанок одржан од Владо Бучковски, специјален претставник на земјава за решавање на спорот со Бугарија заедно со амбасадорот на Бугарија во Македонија, директорите на АВМУ и на Телеком, било договорено од март да почне реемитување на бугарската национална телевизија во Македонија на операторот Телеком, објави телевизија 21.
Било договорено МРТ да се реемитува на територија на Бугарија, како и државните агенции да имаат свои дописници.
За ова со реакција се јави и Лилјана Поповска од ДОМ која вели дека ова е национално самоубиство.
– НЕ МОЖЕ бугарска телевизија во Македонија, имате ли ум, луѓе?? Внесувате официјална антидржавна пропаганда, како Егзархијата во 19век?? Но тогаш сме биле во Отоманска Турција, а сега во самостојна држава ова да си го правиме? Ова е национално самоубиство, напиша таа на Фејсбук.
Во продолжение може да ја видите и нејзината објава на оваа социјална мрежа.
😡НЕ МОЖЕ бугарска телевизија во Македонија, имате ли ум, луѓе?? Внесувате официјална антидржавна пропаганда, како…
Posted by Лилјана Поповска on Среда, 03 февруари 2021