Разрешениот потретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, во интервју за „Независен весник“ вели дека доколу има подготвен тим за работа во партијата, би можело да биде претседател.
„Нема да ви одговорам директно на прашањето дали имам амбиции да станам претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Не би било фер, но ќе ви кажам дека доколку внатре во партијата има тим подготвен за работа, составен од високоетаблирани луѓе со јасна визија во кој правец треба да се одвива ситуацијата и да се движи партијата – подготвен сум да се приклучам, па и да го раководам тој тим и да бидам на негово чело“, најавува Јанчев.
Инаку тој чека да добие официјален документ за да види дали е „само“ сменет од потпретседателската фотелја или добил „шут-карта“ од членството во партијата.
„Доколку сè уште сум член на партијата, секако дека останувам да се борам за моите идеи за прогресивност и евроатлантска ориентација“, вели Јанчев за „Независен весник“.
Во интервјуто Јанчев објаснува дека тој никогаш не бил близок со премиерот Зоран Заев.
„Муабетите за моја блискост со Заев или за наводни бизниси се измислици. Јас би бил среќен кога и моето ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би имале луѓе на раководните функции што ѝ мислат добро на Македонија. Што се однесува до бизнисот што го водам, секој има свои граници и толеранции, тоа нема врска со политика“, коментира Јанчев.
Целото интервју прочитајте го ТУКА.