„Не сум излезен од партијата, не може мене Мицкоски да ми понуди да се вратам, бидејќи имам намера јас да ја водам партијата“, ова за 1ТВ го изјави поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев.
Ова следува откако во понеделникот токму по предлог на Мицкоски, Јанчев беше исклучен заедно со Никола Тодоров и Костадин Богданов од потесното раководство на партијата поради дејствување спротивно на интересите на партијата.