Македонија 15. март 2020. / 22:37

Разгововор Дачиќ-Димитров: Се бараат решенија за отежнатите транспорт на стоки и превоз на патници

Разгововор Дачиќ-Димитров: Се бараат решенија за отежнатите транспорт на стоки и превоз на патници

Министрите за надворешни реаботи на Србија и Македонија, Ивица Дачич и Никола Дитров, вечерва имале телефонски разговор околу заштитните мерки во борбата против вирусот Ковид-19, соопштија од кабинетот на српскиот шеф на дипломатијата.

Во соопштението се наведува дека двајцата министри разговорале за моменталната состојба предизвикана од вирусот „Ковид 19“ и ефектите од пандемијата за двете земји и за целиот регион.

Министрите се информираа за мерките што ги преземаат нивните земји во борба против вирусот „Ковид 19“, во согласност со препораките на СЗО, за заштита на своите граѓани.Тие се согласија дека се потребни усогласени напори за да се спречи понатамошното ширење на епидемијата и со најмали последици да се надмине кризата што ја предизвикув вирусот – се наведува во соопштението од српското МНР.

Во него се доадава дека е договорено во најкус можен рок да се најдат решенија за тековните проблеми за отежнатиот транспорт на стоки и застојот во превозот на патници, кои се настанати поради заштитените мерки за ограничување на влезот на лица кои престојуваат во државите и областите со интензивна трансмисија на болеста.

Во соопштението се наведува дека министерот Димитров се заблагодарил на Србија за помошта што ја дала при евакуацијата на македонските државјани од САД.