Согласно последната анкета на институтот МЦМС објавена вчера на телевизија Телма рејтингот на лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија Христијан Мицкоски изнесува 7,4 % што споредбено со анкетата спроведена во мај годинава изнесува зголемување за 5 процентни поени.
Математиката покажува дека тој станал омилен политичар за многу краток период, односно за само 6 месеци тој стекнал нови 90 илјади симпатизери.
Кога ќе се земе предвид дека избирачкиот список брои нешто над 1 милион и 800 илјади гласачи, 5 проценти, колку што е и зголемувањето на рејтингот на Мицкоски тогаш се доаѓа до бројката од 90 илјади нови симпатизери.