Македонија 12. мај 2019. / 17:46

Радев на средба со Пендаровски: Инфраструктурното поврзување ни е најважно

Радев на средба со Пендаровски: Инфраструктурното поврзување ни е најважно

Бугарскиот претседател Румен Радев, кој денеска се сретна со новиот македонски претседател Стево Пендаровски и со спикерот на парламентот Талат Џафери, изјави дека односите меѓу двете земји се одлични.

-Потребни сме си едни на други затоа што проблемите ни се заеднички, не се изолирани. Се разбира, покрај институционалната соработка, најбитно е инфраструктурното поврзување и затоа е потребно да се забрза железничкото поврзување меѓу двете земји, како единствени на Балканот што не се поврзани на тој начин, и се разбира Коридорот 8. – рече Радев.

Тој ги понуди сите расположливи ресурси за што е можна подобра соработка во сите полиња, пред се во насока на пристапувањето кон ЕУ.