По само седум месеци откако беше одбран актуелниот состав на Владата, по предвремените парламентарни избори од јули, 2020 година, премиерот Зоран Заев, е единствениот којшто свикал доверба на својата Влада бидејќи нема доверба во коалиционите партнери.
Пред само десетина дена ЛДП ја напушти пратеничката група на СДСМ, а веднаш потоа Павле Трајанов од Демократскиот сојуз исто така се одвои од коалицијата „Можеме“.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, неколкупати посочуваше дека Владата, односно премиерот Зоран Заев нема стабилно парламентарно мнозинство, за што говореше и фактот дека пред вчерашните седници последен пат собраниска седница беше одржана на 3 февруари.
Заев денеска во Собранието усно побара од пратениците да се изјаснат за доверба на Владата, а нема да биде дозволена пратеничка расправа од три дена, бидејќи кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа.
Со тоа сосем е очигледно дека Заев ја користи изолацијата на лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски, за да си го продолжи векот на Владата и без расправа да купи уште неколку месеци.
Се чини дека паѓа во вода изјавата на Љупчо Николовски дека парламентарното мнозинство ќе продолжи да расте и да работи и во наредниот период.