Жители на скопското село Коњари целосно го блокираа автопатот Штип – Миладиновци, во двата правци и кон Штип и кон Скопје, во знак на протест поради црпење на песокот во околината на нивното село.
Возачи на автомобили и камиони реагираат дека неможат да поминат речиси два часа, а во возилата се заглавени со мали деца кои се болни и патуваат кон Скопје.
Тиe бараат под итно да се одблокира патот и повторно да се воспостави нормален сообраќај.
Портпаролт на МВР, Тони Ангеловски за МИА изјави дека протестот не бил пријавен од страна на жителите.
Инаку, според возачите кои се заглавени и од двете страни на автопатот, колоните возила се долги по десет километри.
Од Скопје кон Штип, велат дека колоната е од патарината до скопското село Коњари, а додека од другата страна од Штип кон Скопје е од светиниколските села до клучката кај селото Коњари.