Македонија 29. октомври 2020. / 08:42

Протести на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и во Куманово

Протести на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Скопје, Битола, Струмица, Тетово и во Куманово

Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска во 19 часот најави протест пред зградата на Владата, а ќе протестира и во Битола, Струмица, Тетово и во Куманово.

Во најавното соопштение за протестите партијата наведува дека наместо политиканство од страна на Владата потребни се одлуки.

„Владата на СДСМ продолжува со својата неодговорна политика во однос со најгорливото прашање – загадениот воздух. Загадениот воздух и во ек на пандемија убива, а власта вели дека тоа е само магла. Поради неспособноста на владата предводена од Заев животот на граѓаните е изложени на опасност. ВМРО-ДПМНЕ апелира поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на ковид-19, бремените жени и хронично болните да се ослободат од работа, и во приватен и во државен сектор. Наместо политиканство од страна на оваа неспособна Влада, потребни се одлуки“, стои во соопштението.