Македонија 30. септември 2020. / 20:12

Протест во Битола за враќање на суспендираните полициски службеници на работа

Протест во Битола за враќање на суспендираните полициски службеници на работа

Суспендираните полицајци во битола да се вратат на работа, да се земе предвид психолошкиот момент, побара на протест полицискиот синдикат. Поддршка добија и од дел од граѓаните во Битола.

Тие очекуваат институциите, како што се јавното обвинителство и судовите, да донесат соодветна одлука заснована на факти.

Двајцата полицајци се суспендирани, а едниот доби и кривична пријава откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаше брутален напад врз битолчанец од ромска националност по сообраќајна несреќа.